| четврток, 6 декември 2018 |

Дете го преживеало падот на авионот во Јужен Судан, засега 41 жртва (видео)

Најмалку 41 лице загинало денес кога во близина на аеродромот во Џуба, главниот град на Јужен Судан, се  срушил товарниот  авион од руско производство со 20 членови на посадата.

авион

Според официјалното соопштение до сега две лица ја преживеале несреќата, помеѓу кои е едно дете. Помеѓу жртвите се патниците во авионот но и луѓе на земјата.

Портпаролот на претседателот Атени Век Атени изјавил за Ројтерс дека несреќата ја преживеале еден член на посадата и едно дете. Во авионот се наоѓале околу 20 луѓе, кажал тој, додавај

И дека се уште се собираат податоците за жртвите. Неименуван  полициски службеник навел дека 41 лица се загинати.

Повикувајќи се на локалните медиуми , Раша тудеј пренела дека во авионот имало пет Руси. Локална радио станица јавила дека несреќата се случила на околу 800 метри од аеродромот во Џуба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top