| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално морбидна: Шокантна изјава на писателката Исидора Бјелица за Неда Украден

Писателката на брутален начин ја опишала својата здравствена состојба.

иси

Исидора  Бјелица со месеци води битка со тешката болест.

За жал, последните резултати не се охрабрувачки, за што Исидора пишуваше и на „Фејсбук“ (повеќе за тоа прочитајте тука). Народот ширум регионот ѝ дава поддршка на познатата писателка, што ѝ дава сила да се шегува, макар и морбидно, за својата моментна здравствена состојба.

Исидора во една телевизиска емисија  во која  неодамна гостувала, објаснила дека сега ѝ потребно чудо.

-Јас знам дека Балканот е примитивна средина каде се очекува кога некој има олку тешка дијагноза да се повлече и да молчи, да не ги потсетува другите луѓе дека можеби и тие утре ќе откријат дека имаат некој тешка болест. Јас мора да се повлечам и достоинствено да умрам и никој да не ме гледа. Тоа е Балканот. Имав многу тага, стрес и бомбардирања. Потребно ми е чудо, а јас сум доволно луда да верувам во тоа чудо. Резултатите ми се такви што Неда Украден може слободно да влета и да се фотографира со мене како што се фотографираше со покојната Уснија Реџепова – кажала Исидора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top