| четврток, 6 декември 2018 |

Реал поуспешен од ПСЖ, Манчестер Сити веќе се пласираше во осминафиналето (видео)

Real Madrid vs Paris Saint-Germain

Вечерва на стадионите шурим Европа беше одиграно четвртото коло во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д.

Дербито се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид каде Реал славеше минимално со 1-0 над ПСЖ. Единствениот погодок беше дело на Начо Фернандез во 35.минута кој влезе во игра само две минути претходно на местото на Марсело.
Овој натпревар можеше да добие сосема поинаков тек, доколку играчите на „светците“ беа поприсебни во завршницата од нападите и ги реализираа шансите во второто полувреме.


Real Madrid vs PSG 1-0 2015 RESUMEN GOLES All… by lubomir-mitev

Манчестер Јунајтед стигна до многу значајна победа во групата Б над незгодната екипа на ЦСКА Москва истотака минимално со 1-0 за преземање на врвот на табелата по четири кола. Херојот за „црвените ѓаволи“ беше повратникот во екипата Вејн Руни кој успешно стрелаше во 79.минута.


Manchester United vs CSKA 1-0 All Goals 2015 by zoomAnime

Во Групата Д, Манчестер сити обезбеди место во осминафиналето од ЛШ откако славеше со 1-3 на гостувањето против Севилја. Целата работа „граѓаните“ си ја завршија во првото полувреме со головите на Стeрлинг во 8. минута, Фернандињо во 11. минута и Бони во 36. минута од натпреварот. Единствениот гол за Севилја го постигна Тремолинас во 25.минута.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 4. КОЛО

ГРУПА А: Реал Мадрид – ПСЖ 1-0, Шахтјор – Малме 4-0
ТАБЕЛА: Реал М. 10 бода, ПСЖ 7, Шахтјор 3, Малме 3 бода.

ГРУПА Б: Манчестер ј. – ЦСКА Москва 1-0, ПСВ Ајндховен – Волфсбург 2-0
ТАБЕЛА: Манчестер јунајтед 7 бода, Волфсбург 6, ПСВ 6, ЦСКА 4 бода

ГРУПА Ц: Бенфика – Галатасарај 2-1, Астана – Атлетико Мадрид 0-0
ТАБЕЛА: Бенфика 9 бода, Атлетико М. 7, Галатасарај 4, Астана 2 бода.

ГРУПА Д: Севилја – Манчестер Сити 1-3, Борусија Мехенгладбах – Јувентус 1-1

ТАБЕЛА: Манчестер сити 9 бода, Јувентус 8, Севилја 3, Борусија М. 2 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top