Британската пејачка и поранешна сопруга на фудбалерот Ешли Кол, Шерил Фернандез Версини, со месеци е на мета на јавните критики поради се послабиот изглед.
Наводно поради семејни проблеми, Шерил се повеќе слабее, а коментарите за нејзиниот ковчест изглед се дека е на работ на анорексија.
– Тешко е да се замисли низ што поминувам. Мојот свекор почина, а потоа следеше се она што таквиот немил наста носи со себе – изјави таа пред два месеца.
Нејзините пријатели велат дека Шерил се бори со голем стрест и е многу вознемирена поради се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.