Српската напредна странка ќе ѝ предложи на Владата на Србија да не го потпишува понудениот договор со Приштина и да побара итно продолжување на преговорите, изјави претседателот на партијата и потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ, по денешната седница. Вучиќ нагласил дека за Србија не биле прифатливи две од осумте точки за кои се преговарало во Брисел.
– Тоа што е неприфатливо за нас е додавањето или интеграцијата на четири општини на северот во уставниот поредок на Косово, а не добивме никаков одговор за евентуално присуство на косовските оружени сили на тоа подрачје – рекол Вучиќ.
Тој бил многу разочаран од понудата на Србија и додал дека тоа не значи дека треба да се „затвори вратата кон ЕУ“.
– Оваа партија нема да го стори тоа. Не ми беше тешко имајќи ја предвид моќта на СНС да преземе најголема одговорност за иднината на Србија – рекол Вучиќ и прашал „кој ќе отвора фабрики и како ќе доаѓаат инвестиции ако Србија не најде решение во Брисел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово