| четврток, 6 декември 2018 |

Внуката на Зафир Хаџиманов има неверојатен талент и свири со помош на пластични чаши (видео)

Марта Хаџиманова има 15 години и оди во средно музичко училиште.

naslovna-zafir

Марта одлично пее, а во подготовка се и песни кои сама ги напишала.

-Снимивме две песни во студио кај Фирчи , а имам уште доста мои песни постојано создавам нови. Не се брзам да ги објавам, за сега ми е забавно да ги смислувам, како што ми е забавен и целиот тој процес на создавање. Имам поголема помош од страна на моето семејство. Обожувам да пеам и пеам по цел ден но сакам и да компонирам. Ме интересираат многу работи поврзани со музиката. Всушност музиката е се што ме занима- изјавила Марта.

Како што изјавила освен татко и Васил Хаџиманов, речиси целото семејство, а  особено дедо и Зафир Хаџиманов,  и оставиле трага врз нејзиниот музички вкус. Сепак Марта одбрала некој поинаков фазон  и ако се очекува од тинејџерка да има Ријана стил, таа ќе ве изненади. Нејзиниот избор е поостар звук. Песните ќе и бидат на англиски јазик.  Овие денови на нејзината плејлиста се Сторме, Лиане Ла Хавас, Ед Ширан, Џеси Џеј, Мартин Гарих.

marta hadzimanov foto Helge Andreas Norbakken_1000x0

Ќерката на џез музичарот Васил Хаџиманов, освен што  свири клавир се покажала и како многу талентирана во „алтернативната“ музика.

Погледнете ги Марта и Васил како свират со помош на пластични чаши и слушнете како пее оваа талентирана млада девојка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top