Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, низ кои минуваат транзитните маршрути на бегалците ако се побара Германија да ја затвори границата со Австрија.
– На Западен Балкан веќе има тензии и јас не сакам таму да се случат воени судири – изјави синоќа Меркел во Дармштад. Меркел додаде дека не сака „да се засилуваат мрачните тонови, но ситуацијата може брзо да се влоши“.
Стручњаци предупредија дека ако Германија ја затвори границата со Австрија, истото ќе го направат и балканските држави низ кои минуваат бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.