| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 100.000 посетители на саемот „Купи куќа, купи стан“

saem

Повеќе од 100 илјади грaѓани го посетиле саемот „Купи куќа, купи стан“, кој се одржа од 29 октомври до 1 ноември, покажуваат податоците на „Скопје сити мол“. Во согласност со процената на посетители, дневно во просек имало по 25.000 посетители.

saem2

На саемот „Купи куќа, купи стан“ учествуваа 20 градежни компании и банки што влегуваат во проектот. Градежните компании специјално за саемот понудија попусти на становите, кои достигнаа и до 200 евра по квадратен метар .

saem3

Проектот „Купи куќа, купи стан“ нуди субвенции на станбениот кредит при купување на куќа или стан, кои може да достигнат и до 14.000 евра. Граѓаните можат да изберат меѓу два модела – или Владата да плати 50 отсто од учеството при купување на стан или 75 отсто од учеството при купување на куќа или, пак, првите пет години Владата да плаќа половина од месечната рата од кредитот за отплата на стан или 75 отсто од ратата за куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top