Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем во последниот натпревар од 11. коло славеше убедлива победа над Астон Вила со 3-1.
Оваа победа го искачи Тотенхем на петтото место на табелата со 20 освоени бодови, пет помалку од водечките Манчестер Сити и Арсенал. Астон Вила останува закована на дното со само четири бода.
Домаќинот поведе во третата минута со голот на Дембеле, а пред самиот крај на првиот дел Деле Али зголеми на 2-0. Џордан Ајев во 80.минута постигна гол на надеж за Астон Вила, но Хари Кејн ја потврди победата на Тотенхем во судиското продолжение од натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)