Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Ајман ал Завахири повика за нови напади врз западни држави и ги поздрави нападите извршени од Палестинци во Израел.
Повикот е упатен преку видеопорака поставена на „Твитер“ и публикуван од американскиот Центар за надзор на исламистички сајтови СИТЕ.
Пораката не е објавена на џихадистички форуми како што е вообичаено. Во неа Завахири повикува на засилување на нападите на т.н. самотни волци како Мохамед Мера, кој тврдеше дека е од Ал Каеда и кој во 2012 година застрела седум луѓе во јужна Франција пред да биде ликвидиран од полицијата. Завахри повикува да се извршат напади врз САД на нивна територија и да се напаѓаат американски интереси во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.