| четврток, 6 декември 2018 |

Расправа посветена на „Независноста на судството“ во МАНУ

суд2

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи научна и стручна расправа посветена на „Независноста на судството“.

На конференцијата е најавено дека ќе се обратат претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова, министерот за правда Аднан Јашари, како и амбасадорите на Франција, Германија и на мисијата на ОБСЕ.

Учество со свои излагања ќе остварат и повеќе професори од правните факултети во Скопје и Тетово, како и судии и членови на судските тела и организации во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top