| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто креветот не треба да го местите наутро

Секое утро по будењето сите ние сме навикнати да ги средуваме постелите, но излегува дека подобро за нашето здравје е воопшто да не го правиме тоа. Зошто? Поради ова суштество.

20150923-zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-mestite-krevetot-nautro-1

Овие микроскопски мали црвчиња се многубројни во вашиот кревет. Впрочем, просечен кревет може да биде дом на 1,5 милиони од нив. Тие се хранат со остатоците од кожата на луѓето. Алергенсите кои ги создаваат лесно се вдишуваат за време на спиењето и се голема причина за болести како астмата.

Додека спиеме, трошки од нашата кожа се наоѓаат насекаде и овие суштества имаат вистинска гозба. Наутро, кога ја местиме постелата, сета таа кожа заедно со потта и овие мали гости се заробени долу под прекривката.

Д-р Стивен Претлов од универзитетот „Кингстон“ изјави за Би-би-си дека овие суштества преживуваат со водата од атмосферата, а нешто толку едноставно како оставање на креветот ненаместен во текот на денот може да ја отстрани влагата од прекривките и душеците, па суштествата ќе дехидрираат и умрат.

Експертите препорачуваат оставање на креветот наутро и негово местење подоцна истиот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top