| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен тетовец баран со меѓународна потерница

На граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга уапсен е македонски државјанин баран со меѓународна потерница.
Според Полицискиот комесаријат од Корча, под чија надлежност е овој граничен премин, станува збор за 34-годишниот Б.З. од Тетово, кој е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол Загреб.

На Б.З. од страна на Судот во Самобор му е изречена казна затвор во траење од осум години поради „финасиска измама“. Приведениот е задржан во Полицискиот комесаријат во Корча од каде ќе биде екстрадиран во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top