Фудбалската академија во Градскиот парк за половина година е речиси целосно завршена. Фирмата „Балкан констракшн груп“ на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко успеа да реализира голем дел од градежните работи за издигнување на спортскиот комплекс.
Трите фудбалски игралишта се веќе оградени, и допрва треба да се постави тревниот тепих за одигрување на натпревари. Еден од двата објекти е издигнат на ниво на карабина, застаклениот надворешен дел од објектот е завршен, додека внатрешноста допрва ќе се уредува. Во него треба да се сместат шесте соблекувални и предавалната за теориска настава на децата.
И покрај тоа што забрзано се одвиваат градежните работи на овој комплекс, инвеститорот се уште не ја почнал изградбата на второто здание од академијата, кое се наоѓа на локацијата покрај самата улица што води кон Градскиот парк.
Во овој дел од објектот треба да се сместат содржини од комерцијални и угостителски намени, како што е кафетерија и фан-шоп на фудбалскиот клуб „Вардар“. Според Деталниот урбанистички план, на оваа локација треба да никне објект за спорт и рекреација единствено со приземје и еден кат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата