Бразилскиот новинар Режиналдо Леме кој повеќе години ги прати случувањата во Формула 1, откри нови информации за состојбата на Михаел Шумахер.
Поминаа скоро две години од тешката несреќата на скијање на најдобриот Формула 1 пилот, а легендарниот Шумахер очигледно е далеку од целосно закрепнување. Половина година помина во индуцирана кома по серијата операции на главата, а од летото 2014 е на куќна нега каде буквално е направена мини клиника во која работат голем број на медицински лица.
Семејството забрани било каква посета и пристап до Шумахер, а посебно на медиумите. Сите информации се штури и никој точно не ја знае неговата здравствена состојба. Михаел не го посетуваат ниту неговите најблиски пријатели. Фелипе Маса веќе подолго време не бил таму, ја разбира желбата на семејството и ја почитува нивната желба за приватност.
Сите знаат дека Шумахер моментално вегетира, и дека изгубил многу од мускулната маса, а еден германски медиум излезе информација дека тој е тежок само 45 килограми, по што заработи тужба од сопругата на Шумахер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Притвор за тројца осомничени за убиството на семејството од Дебар
-
Цело семејство загина во тешка сообраќајка во Косово
-
Првпат во официјална посета на Македонија доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ


