Бојаџиев долго време живее и твори во Њујорк, меѓутоа своите најнови проекти континуирано ги промовира и пред домашната музичка сцена, пред својата публика. Автор е на филмска, електронска и акустична музика со западноевропски музички израз и стил во која може да се почувствува духот на македонската традиција.
Соработувал со оскаровците Џонатан Деми и Данис Тановиќ, како и со македонскиот режисер Столе Попов за неговиот последен филм „До балчак“. Музиката на Дуке е користена за светски кампањи на познатите брендови „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, но и на разни светски музички компилации како „Буда Бар“ и „Маракеш Експрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.