Во местото Словенска Добова синоќа и изутринава пристигнаа три возови од источна Славонија со речиси 3.200 бегалци, претежно од Блискиот Исток, соопшти словенечката полиција.
Повеќето од пристигнатите бегалци веќе се префрлени во прифатни центри во Словенија, најголем дел во Шентиљ, каде изутринава според евиденцијата на полициската управа на Марибор имало 4.348 мигранти, кои чекаат во договор со австриските власти да почне нивото префрлување во австриските транзитни центри.
Мигрантите, кои синоќа и изутринава стигнале во Словенија освен во Шентиљ се сместени и во Горна Радгона (740) и во Лендава (околу 600).
Од средината на минатиот месец, кога бегалскиот бран од Унгарија се пренасочи кон Словенија, во неа според податоците на полицијата пристигнале 126.370 мигранти, а 95 отсто од нив веќе влегле во Австрија, Германија и во други европски држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.