Ветераните во НБА лигата, фантастичното трио на Сан Антонио, Данкан-Паркер-Џинобили ноќеска остварија уште една победа за својот тим и влегоа во историјата со најмногу победи. Тие заедно стигна до 541-та заедничка победа со што стана најуспешно трио во историјата на НБА лигата.
Оваа тројка го надмина легендарното трио на Бостон, Бирд-Мекхејл-Периш, носејќи уште еден момент за историјата во НБА. На мечот против Бостон (95-87), сепак, најдобар беше Ламаркус Олдриџ со 24 поени и 14 скока, Кавај Ленард имаше 19 поени, а Ману Џинобили заврши со 13 поени и осум скока.
Од другите ноќешни натпревари, Лос Анџелес Лејкерс го запиша третиот пораз откако на домашен терен загуби од Далас со 93-103. Новицки и Пачулија беа најефикасни кај Далас, првиот со 25, другиот со 16 поени.
НБА Резултати: Шарлот – Атланта 92-94, Бостон – Сан Антонио 87-95, Мајами – Хјустон 109-89, Торонто – Милвоки 106-87, Чикаго – Орландо 92-87, Оклахома – Денвер 117-93, ЛА Лејкерс – Далас 93-103
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонскиот балетски уметник Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ во Балетот во Сан Антонио