| четврток, 6 декември 2018 |

Водителка бесно излезе од студио, причината стигна до сите светски медиуми (видео)

mexico-1_3489394b

Главна тема во Мексико во последните неколку дена е инцидентот што се случил во популарната музичка телевизиска емисја „Со полна пареа“ (A Toda Maquina) на телевизијата „Телевиза“.

Имено, водтелката Тања Реза го напуштила студиото во текот на емисијата што се емитува во живо затоа што нејзиниот колега Енрике Товар ја провоцирал пред милионскиот аудиториум.

Како што јави „Би-Би-Си“, Товар на почетокот се обидел да го подигне здолништето на Реза, а додека таа ги читала најновите вести, тој продолжил да ја допира.

Тој проодлжил со вербалните провокации и цело време ја допирал, а кога се упатил кон нејзините гради, таа го удрила и оттурнала.

– Немојте да го правите тоа господине – извикала Реза и почнала да му објаснува дека една работа е да се шегува, а друга работа да се однесува непристојно.

Откако го изговорила тоа, Реза го извадила микрофонот и излегла од студиото со зборовите: „Не можам повеќе да работам вака“.


Товар подоцна објасни дека за сè се виновни „неговте хормони“.

Откако однесувањето на водителот стана главна тема во медиумите, „Телевиза“ испрати службено известување во кое тврди дека целиот инцидент бил претодно договорен меѓу водителот и водителката, со цел емисијата да стане хит. Бидејќи управата на телевизијата не знаеле ништо за нивниот договор, двајцата водители се суспендирани.

Водителите потоа снимија изјава во која ја потврдуваат службената верзија на случувањата, но Тања подоцна на „Фејсбук“ објави дека раководството на телевизијата ја присили да ја потврди нивната приказна и дека однесувањето на нејзиниот колега било непримерно.

По ова „Телевиза“ излезе со ново соопштение во кое објасни дека двајцата водителите ќе бидат вратени на работа, но дека ќе мораат да поминат „посебна обука за сексуално вознемирување на работа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top