| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Винслет не им дозволува на децата „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“

Актерката Кејт Винслет е една од ретките познати личности што нема профили на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“ или на која било друга социјална мрежа или сервис. Незјината политика е да не се користи ништо што може да ја загрози приватноста на нејзиното семејство.

Винслет (40) изјави дека на социјалните мрежи има многу зла крв и затоа на децата им забранила да ги користат.

– Социјалните мрежи имаат големо влијание на самодовербата на младата жена, бидејќи сѐ што прави прави за да им се допадне на луѓето. Тоа доведува до нарушување во исхраната – изјави Винслет.

Таа откри дека ниту таа ниту нејзиниот сопруг не ги носат мобилните телефони во спална, туку ги оставаат во дневната соба.

– Родителите ја губат контролата. Има родители што кренале раце. Мора да комуницирате со нив. Не дозволувајте им на децата да спијат со телефоните. Играјте монопол, цртајте и слично. Родителите мора да водат сметка што прават нивните деца заради нивната сигурност – смета актерката.

Кејт има три деца: Миа (14), Џое (11) и Беар (22 месеци).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top