| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Винслет доби ѕвезда на Булеварот на славните

Оскаровката Кејт Винслет доби своја ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните, само неколку часа откако Лос Анџелес беше потресен од земјотрес.

Ѕвездата од „Титаник“ се пошегува дека земјотресот, кој се почувствувал во целиот град, се случил токму кога се подготвувала да го дои својот тригодишен син.

– Не знаев дека тоа ќе биде толку посетен настан – изјави таа алудирајќи на земјотресот и додаде дека земјотресот многу ја уплашил.

Винслет (38) шестпати е номинирана за „Оскар“, а наградата на американската Академија за филм ја доби во 2009 година за улогата во филмот „Читач“.

На синоќешната церемонија, членот на градското собрание, Мич О’Фарел, исто така, се пошегува на сметка на земјотресот.

– Земјата во Лос Анџелес, буквално, се тресеше во исчекувањето на ѕвездата Кејт Винслет. Актерката Кети Бејтс се пошегува на сметка на ѕвездите на Булеварот на славните, која е една од најпопуларните дестинации во Холивуд.

– Иако ѕвездите на холивудскиот Булевар на славните покогаш се валкани или некој ќе изврши нужда врз нив, сепак она што ќе остане се вашите убави филмови, ликови кои сте ги играле и кои ни ги украдоа срцата. Никој нема да ги извалка – рече Бејтс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top