За време на гостувањето во шоуто на познатиот водител Џими Кимел холивудската актерка Кејт Винслет ја расветли една од мистеријата на славниот филм „Титаник“ околу која фановите со години жолчно се расправаат.
-Ти мртва ладна го пушти да умре- и кажа водителот на Кејт, мислејќи на делот од филмот во кој, по потопувањето на Титаник, Роуз (која ја толкуваше Винслет) се качува на дрвена врата и така се спасува, додека Џек (Леонардо ди Каприо) останува во морето каде на крајот умира.
-Се слагам, беше тоа прилично голема бродска врата и сигурно и Џек ќе го собереше на неа- признала Кејт.
Кејт и Лео во стварниот живот се добри пријатели, а од време на време се среќаваат и на црвениот килим и веднаш предизвикуваат силни емоции кај обожавателите. Последниот пат се сретнале неодамна на доделувањето на филмските награди САГ.
-Луѓето секогаш се возбудени кога ќе не видат заедно, дури и 20 години по тој фил. Тоа е многу симпатично, а ние често се шегуваме околу тоа – вели Кејт која е во трет, среќен брак, додека славниот Леонардо се уште не застанал на лудиот камен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.