| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска ќе се сретне со италијанскиот министер за култура

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Рим, во рамките на службената посета на Република Италија, ќе оствари билатерална средба со италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини, информираат од Министерството.

На средбата, двајцата министри за култура ќе разговараат за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји.

Република Македонија и Република Италија имаат традиционално добри односи во областа на културата, со размена на многубројни проекти и гостувања на македонски и на италијански уметници на манифестациите во двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top