| четврток, 6 декември 2018 |

Соузот на синдикати со кампања против сивата економија

siva-ekonomija

Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади при ССМ денеска ќе ја промовираат кампањата „Приклучи се и кажи СТОП за сивата економија, кажи СТОП за непријавената работа“.

Кампањата е во рамки на проектот „Даноци, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“ што го реализираат Меѓународната конфедерација на синдикати, Паневропскиот регионален совет и Норвешката конфердерација на синдикати.

Кампањата, чија главна цел е да се засили борбата против сивата економија и да се подигне свеста кај младите, почнува денеска со панел дебата и прес-конференција во ССМ на која ќе учествуваат синдикални и претставници на Министерството за труд и социјална политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top