| четврток, 6 декември 2018 |

ССМ: Муратовски кој што ССМ го претвори во испостава на СДСМ не може да зборува за синдикализам

За синдикализам и за поврзаност ќе зборува човекот кој го имаше инструментализирано ССМ и претворено во испостава на СДСМ, за синдикализам ќе зборува човекот кој дозволи масовно бркање на работници, стотици илјади по број и дозволи масовно пропаѓање и затворање на стотици претпријатија се вели во соопштението на ССМ

Интегрален текст од соопштението на ССМ

Кој најде да зборува за синдикат, човекот кој прв го подржа Законот за Работни односи од 2005 год со кој се урнисаа работничките права во Р. Македонија, па со тешка мака од 2010 година новото раководство и Митревски воведуваа нови работнички стандарди, директиви, конвенции за да се поправи непоправлива стега.

Човекот кој дозволи да се укине К-15 за работниците, човекот кој финансиски го пропадна ССМ, па новото раководство мораше да враќа повеќе од над 20 милиони денари долг, човекот кој и на сопствените вработени во ССМ не им имаше исплатено 4 плати, човекот кој „успеа“ да го елиминира од ССМ еден од најреномираните синдикати во земјата и пошироко- СОНК, човекот кој дозволи општествената исхрана и превозот да не влезат во платите на работниците, човекот кој до држеше во заложништво ССМ и поради него немаше прием на ССМ во светската и европската Конфедерација на синдикати, човекот кој беше поврзан со низа афери и бизнис интереси.

За синдикализам и за поврзаност ќе зборува човекот кој го имаше инструментализирано ССМ и претворено во испостава на СДСМ, за синдикализам ќе зборува човекот кој дозволи масовно бркање на работници, стотици илјади по број и дозволи масовно пропаѓање и затворање на стотици претпријатија.

vancomuratovski

Тешко на оние синдикалци па искрено и овие претседатели на грански синдикати кои се повикуваат на одбрана на Муратовски. Но како и да не се повикуваат кога беа негови извршители. Прв соработник на Муратовски довчерашниот секретар на УПОЗ, Пецо Грујовски, десна рака на Муратовски и портпарол во времето на Муратовски во ССМ, зарем тој ќе зборува за синдикална пролет и синдикализам, прв соучесник во горенаведените антисиндикални дејствија.

Тешко на оној синдикализам кој ќе биде воден од вакви личности. Тешко на оние работници кои ќе бидат водени од вакви луѓе.
Долго време синдикализмот во Македонија се бореше да биди ослободен од овие личности.

Почитувани членови на ССМ, бидете уверени дека ССМ и 13 здружени грански синдикати нема да дозволат тој темен инструментализиран политички вилает повторно да дојде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top