| четврток, 6 декември 2018 |

Нико Розберг е победник на ГН на Мексико

Formula One Grand Prix of Mexico

Германскиот возач на Мерцедес во Формула 1, Нико Розберг успеа да слави за Големата награда на Мексико што се возеше денеска. Тој по подолг период победи на една трка во Ф1 шампионатот откако претходно победи во борбата за пол-позицијата.
Луис Хамилтон минатата трка ја осигура титулата, но Розберг јасно стави до знаење дека планира да даде се од себе до крајот на сезонава, без оглед што повторно потклекна во директниот дуел со тимскиот колега.

За разика од претходните трки, Нико овојпат знаеше како да ја сочува предноста на самиот старт и да ја контролира целата трка. Хамилтон пред крајот се понадева дека со едно влегување помалку во пит-стоп би можел да го надмудри тимскиот колега, но од страна на тимските шефови му беше наредено да влезе и самиот за менување на гумите. Розберг ја загуби предноста од 3,5 секунди откако на десетина круга до крајот на патеката повторно мораше да влезе сигурносно возило, но Германецот сепак одолеа на нападите на Хамилтон и стигна до нова победа.

Formula One Grand Prix of Mexico

Фернандо Алонсо не успеа да ја заврши и седмата трка сезонава, а денешното натпреварување беше проблематично и за Ферари, откако Раиконен беше исфрлен по судирот со Ботас, додека Фетел поради сопствена грешка не успеа да ја финишира трката. Третото место вечерва го освои Валтери Ботас, пред Квијат, Рикардо, Маса, Хулкенберг, Перез, Верстапен и Грожан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top