| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер е тениски крал во Базел

Најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федер стигна до деветиот триумф на „домашниот турнир“ во Базел. Тој во финалето успеа по пауза од три и пол години да слави победа над Рафаел Надал со 2-1 (6-3, 5-7, 6-3) во сетови.
Тениската јавност веќе подолго време очекуваше дуел на двајцата великани, а до него дојде токму на турнирот во Базел, на кој Федерер го играше своето десетто финале во кариерата.

Видно мотивиран и фокусиран, Швајцарецот подобро го почна мечот, во петтиот гејм стигна до брејк, па потоа рутински го доби сетот со 6-3. Вториот сет мина во израмнета игра, за Федерер во самиот финиш да потклекне и при 5-5 да му дозволи брејк на ривалот, по што Надал успеа да стигне до израмнување од 1-1. Значењето на директниот дуел на големите ривали беше огромно и за двајцата тенисери, што придонесе за грешки и кај Федерер и кај Надал. Сепак, прв капитулираше Надал, кој при 4-3 за Федерер со неизнудена грешка му подари брејк на Швајцарецот, кој потоа го искористи својот сервис за конечна победа од 2-1.

Ова беше прва победа за Федерер над Надал по неполни 4 години, по триумфот над Шпанецот во Индијан велс во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top