Седумкратниот европски шампион Милан кој неколку години по ред е непрепознатлив во Италија полека се враќа во форма откако летово ангажираше неколку одлични играчи.
По лошиот старт на сезоната, екипата на Синиша Михајловиќ по ултиматимот кој го доби од сопственикот Силвио Берлускони успеа да последните четири средби да освои 10 бода, или да врзе три победи со последниот триумф вечерва на гостински терен на „Олимпико“ во Рим против екипата на Лацио од 3-1.
Со новите три бода „росонерите“ се вклучија во борбата за висок пласман и сега се на петтото место со 19 бодови, пет помалку од водечките Интер и Фиорентина.
Бертолачи, кој е еден од најкритикуваните фудбалери на Милан по богатството платено на Рома летово, врати барем дел од парите со постигнувањето на водечкиот гол на ова дерби. На 0-2 на стартот од второто полувреме зголеми Мексес само 68 секунди по влегувањето во игра на местото на повредениот Алекс, додека третиот гол беше дело на Карлос Бака.
Лацио, кој го одигра најслабиот меч сезонава, до крајот успеа само да го ублажи поразот преку Киша во 85. минута.
Lazio vs AC Milan 1-3 All Goals & Highlights 01… by pop-auras
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)