| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат и еден повреден во судар на камион и автомобил близу Гостивар

Во сообраќајната несреќа која попладнево се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај „Здуњски мост“  загинало едно лице, а повреден е возач на камион. По тричасовниот прекин,  заради увидот, сообраќајот на оваа делница повторно е нормализиран.

Screenshot_1

Од СВР Тетово информираат дека несреќата се случила попладнето во 13 часот. Во неа учествувале автомобил „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици и камион влекач со приколка со тетовска регистрација.

– Во несреќата на самото место починал А.Н. (56) од Неготино-Полошко, кој го управувал автомобилот. Возачот на камионот, В.Б. (39), се здобил со телесни повреди и е згрижен во гостиварската општа болница, изјави за МИА Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.

При сударот, камионот речиси целосно извртел и излетал од патот и и надвиснал над мостот. Од сударот, автомобилот е целосно уништен.

До почетокот на увидот на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, сообраќајот на оваа магистрала беше во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top