| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар се враќа на победничките патеки, во Скопје поразен Митјиланд со 33-24

Екипата на ЖРК Вардар на најдобар можен начин докажа дека е екипа за највисоки дострели оваа сезона во Лигата на шампионите. Во Скопје во рамките од третото коло беше декласирана екипата на Митјиланд со 33-24.
Може слободно да се каже дека поразот во првото коло од Ѓер беше само еден лош ден кој мора и може лесно да се преброди и да се продолжи со добрите партии во Европа.
Разликата во квалитет беше евидентна уште од првата минута на натпреварот кога вардарки со цврста одбрана која ја најавија пред натпреварот, почнаа агресивно и сосема заслужено стигна до висока предност која по првите 30 минути изнесуваше осум голови предност (16-8).
Во првите 10 минути од вториот дел Митјиланд ја забрза играта по неколкуте успешни интервенции на голманот Сабина Енглерт и ја намали негативата на само четири гола. Тоа го вклучи алармот кај стручниот штаб кој побара тајмаут и ги консолидираше редовите.

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (14) (Custom)

До последните пет минути од натпреварот се играше гол за гол, кој благодарение на неколкуте погодици на Андреа Пенезиќ Вардар ја одржуваше разликата. Во самиот финиш публиката беше таа која ја крена атмосферата во салата, ги бодреше „црвено-црните“ и заедно го финишираа натпреварот со убедлива победа изразена со девет голови разлика.
Најефикасна во таборот на вардарки беше хрватската репрезентативка Пенезиќ со 10 голови, Радичевиќ постигна шест, а Лекиќ пет гола.
На голот царуваше капитенот Ина Суслина која успеа да фати 10 топки и тоа неколку во клучните моменти кога се кршеше резултатот во второто полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top