Во рамките од третото коло македонската екипа ЖРК Вардар во Лигата на шампионите одигра прво полувреме како што само може да се посака.
Данскиот шампион Митјиланд не е ниту бледа сенка од претходниот натпревар кога на гостински терен ја совлада екипата на Ѓер.
Како и што најави тренерскиот тандем Кастратовиќ – Питлик само со ангажирана и цврста одбрана може да се победи противникот. Тоа и се случува на теренот по првите 30 минути каде гранитната одбрана на чело со капитенот Ина Суслина која нанижа седум одбрани и прими само осум голови.
Во нападот по почетното водство на Митјиланд од 1-0, се понатаму беше на страната на црвено-црните кои со неколку серии од по 3 гола дојдоа до висока прадност од осум голови.
Во нападот нерешлива енигма за голманките на Митјиланд е Андреа Пенезиќ со пет гола. Три постигна Андреа Лекиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.