| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на детето со церебрална парализа благодарна за поддршката од надлежните

мајка

– Ги пренесов и предлозите и од други родители кои ми се јавија денес откако слушнаа дека сум поканета на разговор. Се договоривме заеднички да седнеме(со група родители од сите категории) и чекор по чекор да решаваме проблеми. Се надевам на успешна соработка, навистина се надевам. Ајде…. одам сега да ги известам родителите од нашата група. Ви благодарам уште еднаш за поддршката што ми ја дадовте, напиша Оливера Доневска на својот ФБ профил по средбата со министерот Спасов.

Таа додава дека не се работи само за нивното семејство туку и за сите семејства во државава за сите деца со посебни потреби.

-Благодарам Министре па се гледаме следната недела со останатите родители – вели Дoневска.

мајка2

По вчера објавено отворено писмо од семејството Доневски до премиерот Никола Груевски, во кое мајката на Мартин имаше повеќе забелешки околу исполнување на одредени социјални бенефиции и права следеше експресна реакција на институциите.

Министерот за труд и социјална политика уште истиот ден ја прими мајката во министерството при што се разговарало за нејзините забелешки наведени во писмото, како и за нејзини сугестии и проекти кои се реализираат, а се во насока на поддршка на луѓето со пречки во развојот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top