Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо вчера во дуелот против Лас Палмас во рамките од Примера дивизија постигна еден гол и со тоа се израмни на третото место на вечната листа на стрелци на првенствата од “големата петка“, шампионатите на Италија, Франција, Англија, Шпанија и Германија. Тој со вклупно 317 гола се измрани со легендата на Дерби Каунти Стив Бломер, а пред него останаа само Англичанецот, Џими Гривс и Герд Милер од Баерн. Од овие 317 гола, Роналдо постигна 84 за Манчестер Јунајтед и 233 за Реал Мадрид. Со оглед на неговата форма, само прашање е на време кога Роналдо ќе ги надмине Гривс и Милер и ќе стане најдобар стрелец во историјата.
Од активните фудбалери, меѓу топ-10 на оваа листа е уште Лионел Меси и тоа на седмата позиција со 288 гола.
Топ 10 стрелци од „Големата петка“:
1. Џим Гривс Англија 366
2. Герд Милер Германија 365
3. Кристијано Роналдо Португалија 317
4. Стив Блумер Англија 317
5. Дикси Дин Англија 310
6. Делио Онис Аргентина 299
7. Лионел Меси Аргентина 288
8. Гордон Хоџсон Англија 287
9. Алан Ширер Англија 283
10. Силвио Пиола Италија 274
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)