Синоќа во НБА-лигата беа одиграни нови шест натпревари. Во центарот на вниманието беше бекот на Голден Стејт и МВП на минатогодишната сезона, Стефон Кари.
Тој буквално ги разнесе Њу Орлеанс постигнувајќи 53 поени во победата од 134-120. Кари беше неверојатен во третата четвртина, во која постигна дури 28 поени и му помогна на актуелниот шампион резултатски да се одлепи и да дојде до новата победа. Целиот состав на Њу Орлеанс во овој период успеа да постигне два поена помалку од Кари. Покрај 53-те поени, Кари имаше и девет асистенции и четири украдени топки за еден од своите најдобри мечеви во кариерата. За да го сруши личниот рекорд му недостасуваше само уште еден поен, но во последната четвртина остана на клупата.
Резултати: Индијана – Јута 76-97, Вашингтон – Њујорк 110-117, Орлеанс – Г.Стејт 120-134, Мемфис – Бруклин 101-91
Портланд – Феникс 90-101, ЛА Клиперс – Сакраменто 114-109.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)