Неколку стотини проврзаници на десницата одржаа денеска протест на австриската граница на подрачјето Спиелфилд-Шентиљ, против барателите на азил кои доаѓаат во земјата во потрага по подобар живот.
Демонстрантите се упатија кон бегалскиот камп и пееја антивладинислогани и држеа транспаренти на кои пишуваше „нема шанси“ или „нема Европа да биде твој дом“.
Австрискиот десничарски лидер Томас Кирхнер рече дека тие ги поздравуваат бегалците на кои им треба помош, „но не без контрола“ и инсистира на ставот дека „никој не знае кој влегува во земјата, што е опасност за целата држава“.
Во истовреме мала група на левичари одржале контра митинг и носеле транспаренти „бегалци добродојдовте“.
Бројот на бегалци кои Словенија ги предала на австриските власти од 20 октоври, кога словенечката полиција почна да води евиденција, достигнува до 100 илјади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.