Градското дерби во Торино го одбележаа два прекрасни гола во мрежите на Јувентус и Торино, и гол во судиското продолжение за три бода на „старата дама“.
Актуелниот шампион на Италија поведе со голот прекрасниот гол на Пол Погба во 19.минута од повеќе од 20 метри, а израмни Бово по само пет минути од почетокот на второто полувреме.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено и со тоа Јувентус повторно ќе остане со кратки ракави, дојде и голот на Квадрадо во четвртата минута од судиското продолжение за голема радост на навивачите на „бјанконерите“.
По оваа победа, Јувентус од 11 натпревари има скромни 15 бода, израмнувајќи се со Торино на табелата во италијанското првенство.
Juventus vs Torino 2-1 All Goals & Highlights… by tony-hoksa
Дерби дуелот се игра вечерва со почеток од 20.45 часот а се среќаваат првопласираните екипи во Серија А, Интер и Рома на „Џузепе Меаца“ во Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)