| четврток, 6 декември 2018 |

И Клоп му зема мерка на Мурињо, Челси се повеќе тоне (видео)

Chelsea vs Liverpool

Германскиот тренер на клупата на Ливерпул се израдува на првата победа во Премирелигата и тоа ни помалку ни повеќе во дербито против Челси на „Стенфорд Бриџ“ од 1-3.
Во рамките од 11.коло „грогираниот“ Челси ја продолжи агонијата и серијата лоши резултати и се поизвесно е дека менаџерот Жозе Мурињо е на излезните врати на „сините“ од Лондон.
На дуелот први до предноста стигнаа „сините“ со голот на Рамиреш уште во 5. минута, но потоа континуиран беше притисокот на фудбалерите на Ливерпул, кој на крајот и се исплатеше.
Филозофијата на играта која ја наметна Клоп веднаш откако дојде во тимот се покажа како правилна, и со констатен притисок на секоја педа од теренот лесно успеваше да ја одземе топката и со неколку брзи контранапади го загрозуваше голот на Челси.
Најпрво Кутињо го израмни резултатот во 45. минута, а потоа истиот играч со гол во 74. минута носи пресврт. Во 83. минута, и Бентеке се запиша во листата на стрелците за убедлив триумф на Ливерпул.
Натпреварот можеше да добие обратен тек ако главниот судија Клатенбург се решеше да му покаже на Лукаш Леива втор жолт картон и го испратеше на трибините при резултат 1-1.


Chelsea vs Liverpool 1-3 All goals & highlights… by lifestyletv

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top