| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска нова рунда Нимиц-Јолевски-Василакис во ООН

Metju Nimic (13)

Посредникот за спорот со името, Метју Нимиц, денеска и утре во Вашингтон ќе има средби со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

„Амбасадорот Нимиц ќе се сретне со двајцата претставници одвоено, а потоа на заедничка средба за да продолжат разговорите под посредништво на Обединетите нации и да се изнајде заемно прифатливо решение за прашањето за името – информира службата за односи со јавноста на Обединетите нации.
Нимиц, Јолевски и Василакис претходно имаа средба на 29 и на 30 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top