| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна посетеност на саемот и голем интерес за „Купи куќа, купи стан“

Саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол за три дена го посетија илјадници граѓани заинтересирани за проектот, кој нуди владина помош при решавање на станбеното прашање во вид на субвенции на станбен кредит.

На саемот, освен Министерството за финансии, изложуваат и 20 компании – градежни фирми со понуда на станови и банки преку кои може да се земаат станбени кредити во рамки на проектот.

– Во процес на барање на стан сме. Сакаме да аплицираме за „Купи куќа, купи стан” бидејки субвенциите изнесуваат по неколку илјади евра – или како дел од учеството или како дел од ратата. Тоа е голема помош за почеток, бидеќи ќе ни останат пари да го опремиме станот, вели Ива Стојановска од Скопје.

– Добра е идејата на исто место да се стави понудата на станови, банките и луѓето од проектот ”Купи куќа, купи стан”. Наместо неколку дена шетање по градежници, банки, до Финансии, тука сите информации ќе ги добиете за еден час. Има добра понуда на станови и убави попусти. Видов станови на атрактивни локации во Скопје кои се нудат за 900 евра за квадрат. Има и поефтини станови за 750 евра за квадрат, вели Димитар Стојановски од Скопје.

Саемот „Купи куќа, купи стан“ трае до утре, 1 ноември. Проектот, пак, продолжува и 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top