Со доаѓањето на Јирген Клоп на тренерското место во Ливерпул атмосферата во тимот е на високо ниво без разлика на трите нерешени средби кои одиграа „црвените“. Тој ја има подршката од целокупната јавност, а посебно од верните навивачи и секако не се очелува веднаш еден од најтрофејните тимови во Англија да почне да победува.
Разликата во играта ја чувствуваат сите, а големи заслуги за тоа има Германецот.
Клоп ја смени филозофијата во составот и грешките на играчите не ги манифестира со карање и викање по нив. Тој е една харизматична личност која може многу да смени во пристапот кон играта.
ој тоа го работи на сосема поинаков начин со насмевка на лицето. Па така и на еден од последните тренинзи пред денешниот дуел со Челси (13:45 ч.) само потврди за каков човек се работи.
Еден од неговите играчи имаше погрешно додавање, а реакцијата на Клоп беше фантастична. Клоп ги зеде неговите очила и му ги понуди, шега која максимално потоа беше прифатена и од останатите играчи во тимот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.