| четврток, 6 декември 2018 |

XXL – 15 години подоцна: Од слатки мали девојченца до семејни госпоѓи! (фото)

Во 2000 година победија на Скопскиот фестивал и потоа ја преставуваа Македонија на Евровизија со песната „100% те љубам“, по што, како што набрзина се појавија, набрзина и згаснаа.

Screenshot (24)

XXL беше македонска женска поп група од Скопје која со својата дебитантска песна „100% те љубам“   победи  на Скопскиот фестивал и ја претставувашеМакедонија на Евросонг 2000  во Стокхолм, Шведска. За песната беше снимена и англиска верзија на песната, со наслов “I love you 100%”. Авторот Џон Кенеди О’Конор изјави дека девојките претерувале со настапот и кореографијата, притоа занемарувајќи ги вокалните способности, што придонесе за лошиот резултат и слабиот пласман.

0D044DE7A148F848BD83AB7A1CB143C1

Членки на групата беа, тогаш четирите тинејџерки: Марија Николова, Ивона Џамтовска, Росица Николовска и Верица Каранфиловска (ќерка на познатиот македонски композитор и изведувач Драган Каранфиловски-Бојс), која набрзо по настапот на Евросонг 2000 ја напушти групата и накусо се обиде да направи соло кариера („Заведи ме“, „Романтична“…) која бргу згасна. Денес таа е семејна жена која живее на Блискиот Исток и работи како стјуардеса во една арапска авиокомпанија.

Screenshot (26)

XXL за кратко време ја освоија македонската јавност, но бледиот евровизиски впечаток што го оставија очигледно беше преголем залак кој неискусните девојчиња не можеа туку така да го проголтаат, па евровизискиот настап набрзина „ја проголта“ нивната тукушто започната кариера.

Screenshot (25)

По евровизиската „100% те љубам“ снимија уште едвај неколку песни како: „Заборави“, „Среќна нова“, „Step by Step“… и за кратко време засекогаш ги снема од музичкото небо.

wqoijdfioweifwerigjtrhy - Copy

Некогаш слатките девојчиња денеска далеку од камерите живеат целосно тивок, мирен, некои од нив и семеен  живот, што може да се забележи на фотографиите.

qiojdiojqwiodioweofifirejiofgaeiogotiehgt-Copy

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top