Рангирањето на Македонија во извештајот „Дуинг бизнис“ на шестото место во Европа, на 12-то во светот и на прво во регионот, во конкуренција на 189 држави, е резултат на низа спроведени проекти и реформи, што пак се рефлектира со привлекување и влез на голем број странски инвестиции, сметаат професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
– Тоа е евидентен прогрес кој што во изминатиот период преку сетот и активности кои Владата ги направи се рефлектираа позитивно на привлекување странски инвестиции, на поддршка на домашните инвестиции и компании што на крајот дефакто имаше за резултат динамизирање и остварување на прилично добри економски резултати, изјави Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Продеканот на Економскиот факултет во Штип, Љупчо Давчев, пак, смета дека резултатите во одделните индикатори, како пример основањето компании, пристапот до енергија, плаќањето даноци, регистрирањето имот, сигурноста на имотот, ќе се резултираат со нови инвестициии.
Македонија во однос на овие 36 индикатори кои се поделени во десет различни групи, покажува шесто место во Европа и 12 место во однос на сите 189 земји на светско ниво. Најважно е, посочува Давчев, да се каже дека најдобри резултати имаме во однос на основањето на нов бизнис, односно целата таа поедноставена процедура во онлајн регистрирањето на компаниите каде сме второ место и каде сме на седмо место во однос на плаќањето на даноци.
– Севкупно имаме постигнато раст во последните седум години за 82 места, од 94-то доаѓаме на 12 место на светско ниво. Ова има позитивен одзвук и ќе вроди со плод и резултати во однос на прибирањето на дополнителни странски инвестиции кон погледот на другите земји и компании во однос на начинот на водење бизнис во РМ- изјави Давчев.
Тамара Јованов од Економскиот факултет во Штип укажува дека кај извештајот на Дуинг бизнис е јасна неговата поставеност и транспарентноста во однос на индикаторите кои ги мери како фактори на влијание врз економскиот развој. – Тоа значи дека сите индикатори се мерат во 189 земји на еден ист начин, што дозволува многу добра можност за споредба помеѓу развојот на земјите во однос на овие фактори на влијание. Тоа значи дека овде нема простор за погрешно толкување на резултатите од самиот извештај. Ако сакаме да извлечеме заклучок во однос на резултатите од самиот извештај, можеме да кажеме дека ова е една добра контролна мерка механизам, според кој младите може да се раководат при нивната работа понатаму- смета Јованов.
Трајче Мицевски, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ги посочува долгорочните придобивки од тековните реформи за кои веќе има валоризација во извептајот „Дуинг бизнис“.
– Имаме нови инвестиции, нов развој, а сето тоа придонесува долгорочно, луѓето се вработуваат, земаат плата, а стандардот се подобрува- истакнува Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони