Еден од најдобрите напаѓачи во Европа Пјер-Емерик Обамејанг, кој со успех настапува за Борусија Дортмунд и за кого се заинтересирани повеќе европски гиганти, пред четири години настапуваше за Милан и по серијата позајмици во рок од три години кон француски тимови во 2011 година беше продаден за само еден милион евра на Сент Етјен.
Од сегашна гледна точка, овој потег на „росонерите” може да се окарактеризира како најголемото промашување во последната деценија.
Обамејанг игра како во транс сезонава, неговите бројки доволно говорат, а цената на трансфер пазарот драстично му расте. Во овој момент, сајтот „трансфермаркет” го проценува на 35 милиони евра, иако нема сомнежи дека Борусија Дортмунд може да продаде за многу повеќе.
Сепак, самиот фудбалер неодамна изјави дека нема намера да го менува клубот и планира да го обработи докрај договорот со „милионерите”, а тој истекува во 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)