Третиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите ЖРК Вардар го игра на домашен терен против данскиот шампион Митјиланд. Оваа екипа е стар познаник на вардарки бидејќи пред две години се сретнаа на завршниот турнир во Будимпешта.
Помошниот тренер Јан Питлик добро го познава данскиот менталитет бидејќи долги години беше селектор на оваа репрезентација. Вистински човек за да се изгради тактика за победа во неделниот натпревар. Според него данките, а воопшто и скандинавските ракометарки имаат проблем со силната и цврста одбрана на балканските екипи и репрезентации и не сакаат игра со многу дуели.
– Сум тренирал многу ракометарки од Митјиланд, 7-8 беа со репрезентацијата на Данска додека бев селектор. Знам многу за нив и едвај чекам да повторно да ги сретнам на теренот. Ова ќе биде интересен натпревар, балканска филозофија против скандинавски стил. Знам дека имаат голем проблем со агресивната одбрана со многу дуели, кои ја негуваат екипите од овие простори. Јас порано како селектор на Данска играв против екипи од овие простори и имав многу тешкотии, многу се цврсти физички силни. Затоа важно е да играме физички, со многу сила и со многу дуели, ним тоа нема да им се допаѓа. Малку бев изненаден што го победија Ѓер во Унгарија, играа многу добро на овој меч, но мислам дека имаме многу болеми шанси да ги победиме и сигурен ќе победиме – изјави Питлик на денешната прес-конференција.
Натпреварот се игра в недела со почеток од 15.15 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.