| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми пред свадба: Девојка откри дека 12 години тајно ја следи Северина и пишува книга за неа

На хрватската пејачка Северина на социјалните мрежи редовно и пишува девојка која се претставува како нејзин најголем обожавател. Таа признала дека ја следи 12 години и дека пишува книга за неа.

Severina-Vuckovic

-Севе, денес од Славонија пристигнав во Загреб надевајќи дека ќе те сретнам на плоштад – и напиша на пејачката на социјалната мрежа Инстаграм извесна Ивана (21).

severina-vuckovic-1378681059-363383

-Имам голема желба да те запознам. Те следам постојано веќе 12 години. Веќе шест години пишувам книга за тебе. Ветувам дека ќе ја завршам. А кога ќе имам можност, ќе дојдам на твој концерт и ветувам дека ќе ти подарам примерок од книгата за тебе. Те сака твојата најголема обожавателка – напишала Ивана која редовно ги коментира сите фотографии на Северина повторувајќи дека е најубава и најдобра пејачка.

severina-800x600

Пејачката која моментално е во Белград со свршеникот Игор Којиќ не и одговорила на пораката.

Психијатар и психотерапевт Анѓелка Коларевиќ вели дека обожавателите на најразлични начини се обидуваат да им се доближат на познатите личности.

-Постои тој синдром на обожување кој го искажува третина од фановите. Тој се манифестира така што лицето ги следи познатите преку социјалните мрежи и во живо, се информира за нивната работа и движењето. Од друга страна, поретки се оние екстремни случаи во кои луѓето се целосно опседнати со нивните идоли, ги идеализираат и својот живот го насочуваат кон нив. Тогаш ги занемаруваат обврските, но и на некој начин покажуваат завист. Тоа се всушност луѓе незадоволни од својот живот- објаснува психијатарот за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top