| четврток, 6 декември 2018 |

Посетите во затвор ќе се закажуваат телефонски

затвор

Посетите на осудените лица во затворските институции отсега ќе се закажуваат телефонски. Затворот ќе биде мрежно поврзан во системот и со тоа ќе се намали времето за чекање при издавањето на дозволите.

-Според процедурата граѓаните кои сакаат да закажат посета треба да се јават на телефонскиот број 02/3115­706 и да ги остават своите податоци како и податоците за лицето кое сакаат да го посетат. Доколку ги исполнуваат условите за посета, судскиот службеник ќе ги контактира за точниот ден и времето од денот кога може да ја рализираат посетата. Затоворт ќе биде мрежно поврзан со судот и така ќе добива соодветна евиденција за тоа кој граѓани, конкретниот ден, има дозвола за посета, додека пак затворот ќе испраќа повратна евиденција за тоа колку од посетите биле реализирани.Обврска на граѓаните ќе биде со себе да понесат лична карта или друг документ за лична идентификација. ­ Единствено граѓаните кои за првпат поднесуваат барање за посета ќе бидат должни да дојдат до судот и да ги приложат сите неопходни документи за да се утврди во какв врска се со притвореното лице- соопштуваат од судот.

Со овој систем значително ќе се намали времето кое е неопходно за издавање на овие дозволи, а граѓаните нема да имаат потреба за секоја посета да доѓаат до судот и да поднесуваат ново барање. Воедно, посети ќе може да се закажуваат секој работен ден со тоа ќе се добие оптимално искористување на времето и просторот во Затвор Скопје која на дневна база е на располагање на судот за посети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top