Поранешниот тим на Перо Антиќ од НБА лигата Атланта и оваа година важи за еден од тимовите кои треба да се борат за висок пласман во источната конференција. Минатата сезона заедно Антиќ стигнаа до финалето на истокот, и секако сите во таборот на „јастребите“ го посакуваат истото.
По изненадувачкиот пораз во првиот натпревар на домашен терен од Детроиот, синоќа Атланта експресно се рехабилитираше на жешкиот терен во „Медисон сквер Гарден“ против домашната екипа на Њујорк. „Јастребите“ славеа победа со 112-101. Целосната доминација започна уште во првата четвртија кога гостите поведоа со 30-20 и практично ја направија клучната разлика за победата.
Џеф Тиг беше предводник на Атланта во „Медисон сквер гарден„ завршувајќи го мечот со 23 поени и осум асистенции, додека Ал Хорфорд постигна 21 поен. Кај Њујорк најефикасен беше Кармело Ентони со 25 поени, но и слаб шут од поле
(10/27).
Марк Гасол беше во главна улога кај Мемфис гризлис при победата од 103-112 на гостувањето против Индијана.Шпанскиот центар ги предводеше „гризлите“ со вкупно 20 поени, а дури седум гостински кошаркари завршија со двоцифрен ефект.
Резултати:
Њујорк – Атланта 101-112, Индијана – Мемфис 103-112, ЛА клиперс – Далас 104-88
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)