| четврток, 6 декември 2018 |

Киднаперот од штабот на Хилари Клинтон побегна од затвор

Затвореникот Лиленд Ајсенберг, осуден за земање заложници во еден од изборните штабови на Хилари Клинтон за време на трката за претседателската номинација на демократите пред пет години, побегна од затвор.

Бегството било откриено за време на пребројувањето на затворениците во затворот со минимално обезбедување во градот Манчестер во Њу Хемпшир.

Ајсенберг беше осуден на казна затвор од 3 и пол до седум години, во мај 2010 година, па така во август годинава имаше можност да биде пуштен на привремена слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top