| четврток, 6 декември 2018 |

Рокот на Србија истекува денеска, Белград ќе бара продолжување на преговорите

 Владејачката Српска напредна странка на Србија утрово ја почна седницата на која треба да се донесе партиски став во врска со одговорот што Белград треба да го даде на високата претставничка на ЕУ, Катрин Ештон, за предложениот договор со Приштина.

По седницата се очекува да биде познат ставот на партијата за ова прашање. Советникот на претседателот на Србија изјави дека претставниците на Еврпската комисија барале одговорот да се достави денеска до крајот на работното време за, во случај да биде позитивен, утре да се подготви за потпишување.

Потретседателот на српската влада, Александар Вучиќ, најави дека Србија во вторник нема да потпише договор за Косово, но истакна дека ќе бара продолжување на преговорите и дека е уверен дека ќе ги добијат.

– Во вторник не е крај. Се бара продолжување на преговорите и уверен сум дека ќе ги добиеме – рекол Вучиќ.

Тој рекол дека Белград нема да потпише ништо што е на штета на српските интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top