Во водите на Парагвај пронајден е неидентификуван труп од суштество кое има човеколики раце, но и опашка. Локалното население верува дека станува збор за вампирското суштество чупакабри. Тие веруваат дека станува збор за митско суштество, предатор, кое се споменува во приказните од средината на 20. век.
Чупакабра тогаш наводно ги напаѓал животните, посебно козите на фармите и им ја цицал крвта. Превод на чупакабра е „оној кој цица козја крв“. Набрзо пристигнаа и експертите кои го извадија телото од водата и ќе спроведат обдукција. Но со оглед на тоа дека трупот бил предолго во вода не се сигурни до какви податоци ќе можат да дојдат. И претходно имало случаи кога постоеле случаи за кои се сомневале дека станува збор за чупакаби, и тоа во Москва, но се утврди дека станува збор за којот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.